Лев банер Десен банер

Главниот кризен штаб ја усвои препораката изолацијата поради COVID-19 да трае седум дена

Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР КОВИД тест од 10 на 7 дена.

Истата е доставена до Владата и за неа треба да биде дискутирано на следната владина седница.

На седницата на Главниот штаб министерот за здравство Беким Сали ја презентирал актуелната состојба со пандемијата предизвикана од COVID-19.

Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести поради, како што наведуваат од Владата, полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.

error: