Оптимизацијата на основните училишта во општина Струга е најновиот проект на УНИЦЕФ и Светска банка, поддржан од Министерството за образование и наука, што вчера започна соработка со општина Струга и ја доби поддршката од градоначалникот Рамис Мерко.

За таа цел, градоначалникот Мерко ги пречека г-ѓа. Патриција Ди Џовани и Александар Николов, претставници од УНИЦЕФ Скопје, ја започнуваат соработката на пилот-проектот со 10 општини низ државата, од кои дел ќе биде и нашата општина.
– Проектот има актуелни стратегии за ефикасност преку обезбедување образовни достигнувања, поддршка за подобра распределба на ограничените финансиски (блок дотации), човечки и инфраструктурни ресурси со што се обезбедува настава во сите основни училишта во согласност со националните стандарди, закони и образовни концепти.- соопштија од Општина Струга.
Facebook Коментари