Ракометната репрезентација на Македонија славеше со 38:24 против Луксембург

- Спорт
327
Ракометната репрезентација на Македонија славеше со 38:24 против Луксембург во првиот меч од квалификациите за Европското првенство во 2024 година, а и покрај убедливиот триумф селекторот Кире Лазаров најде замерки и сака уште подобро од младите момци.
Поголем број грешки беа направени во второто полувреме.
„Честитки до ракометарите за победата и за односот кој го имаа кон натпреварот. Обезбедивме убедлива предност во првиот дел, но потоа падна нашиот ритам. Ни се случија и грешки кои не смеат да се повторат“, изјави Лазаров.
Ракометната репрезентација сега ја очекува дуел на гости против Турција.
„Одиме во Турција за три дена и мислам дека тој меч е најважниот во овие квалификации. Таму е жежок терен, Турците се поквалитетна селекција, но веруваме во овие момци. Чест и задоволство ми е да водам една ваква талентирана селекција“, истакна селекторот Лазаров.
В недела од 16:00 часот следува дуелот со Турција, на гостински терен, во градот Ван.

Facebook Коментари