Денеска е последен рок за стружани да се потпишат во книгите за поддршка на лицата со посебни потреби

Градот Струга пред три дена се вклучи во акцијата за собирање потписи за промена на законите, подзаконските акти и правилниците за лицата со посебни потреби. Целта е да се соберат 10 000 потписи (на ниво на цела Македонија) кои саканите промени би ги внеле во собраниска процедура, а промените треба да донесат подобри услови за живот на лицата со посебни потреби и нивните семејства. Денеска е последниот ден за собирање потписи во Струга. Оваа иницијатива во нашиот град ја покрена Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака нова“.
Распоредот за собирање потписи е следниов :
– 10 до 12 часот ШТАНД пред книжарница КЛИО,
– 13 до 16 часот МОБИЛНА ЕКИПА низ ИНСТИТУЦИИТЕ и ФИРМИТЕ во Струга,
– после 16 часот КНИГАТА ќе биде ВНАТРЕ ВО Книжарница КЛИО.

