Здружението „Проект Среќа“ – Скопје, во служба на основните човекови вредности -подобро општество за сите

- Македонија
1191

Здружението ,,Проект Среќа,, -Скопје  e  оформено од Кристина Арнаудова,како основач и претседател, и група граѓани, ентузијасти, филантропи, активни во хуманитарната работа, со сопствени кариери кои им овозможуваат да бидат влијателен глас во општеството во кое живеат, и придонесат за позитивни промени за подобро општество, работејќи на проекти кои влијаат на квалитетот на животот на луѓето во сите сегменти од него, а најмногу на лицата кои се во загрозените групи социјално ранливи категории. Целите на здружението се подразбираат и со самото име, хумано-општествен развој и подобро општество за сите.

За да ја оствари целта на своето постоење ова здружение има изработено план на проекти и активности кои ќе се спроведуваат во текот на оваа и следната година.

„Паричка за среќа“ е проект кој се однесува на едукација на најмладите, градинка, и деца до трето оделение.

,,Паричка за среќа,, има за цел преку адаптирани или оригинални текстови, претстави и песнички, да ги едуцира најмалите во областа на филантропијата и хуманоста.

За оваа намена ќе биде изработена оригинална сликовница, со автентичен текст, илустрации и приказна, која на начин прифатлив за децата ќе раскаже приказна за важноста на взаемното помагање, на прифаќањето на разичните од нас, љубов и пријтелство без предрасуди, и на моќта на малите дела на добрина.

,,Дедо Мраз“ постоиНовогодишна акција, каде Дедо Мраз,со кочија полна подароци посетува деца од сиромашни семејства, односно деца кои ретко добиваат подароци, и им носи подароци за Нова година во нивните домови.

Освен овоие два проекти, на агендата со активности на здружението „Проект среќа“ се вбројуваат и : Среќна Школска година, Трибина : Јавните личности и општествената одговорност, ,,Среќно Матуранти“ , Одбележување на денот за борба против сиромаштијата, 17 Октомври, „Зелена Планета“ и „Шарено лето“

 

 

Facebook Коментари