Македонска поезија ќе се чита во Словенија и Хрватска

- Македонија
1247

Македонско – Хрватски- Словенечки „Поетски Импулс“ соопштува дека во организација на Друштвото за култура „Ритам мисли“ – Вараждин, „Јутра поезије“ Загреб и КУД „Матичек“ – Сподња Полскава – Словенија, од 27 до 29 април 2017 година ќе се одржат книжевните средби „Поетски Импулс“ ( „Импулс 29“ – Вараждин, „Безграничност“ – Марибор и „Јутра поезије“ во Горни град Загреб).

На книжевните средби „Поетски импулс“ ќе настапи македонската поетска репрезентација селектирана од културниот центар „Бран“ од Струга : Петко Шипинкароски, Марина Мијаковска, Васил Тоциновски и Љубинка Донева.

На трите книжевни средби во Вараждин, Загреб и Марибор македонските поети ќе настапат со избор поезија од своето творештво, а со песни ќе се претстават  и на Вараждинската телевизија.

Извор: Strugaonline

 

 

Facebook Коментари