Лев банер Десен банер

Во Струга одбележана 78 годишнината од победата над фашизмот

Во организација на ОО на СБ од Струга, делгација предводена од претседателот на СБ – Струга, Ајредин Мемеди, положија цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во центарот на градот. Во делегацијата беа приклучени и од општината Струга, од ЗП-Струга, претставници од општинските организации на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и почитувачите на делото на Тито и голем бриј граѓани од Струга и Струшко положија свежи цвеќиња на споменикот на револуцијата.

9 Мај е светски празник и неговото одбележување со други земји од антифашистичката коалиција претставува голема свеченост. И Република Македонија и Струга како дел од таа антифашистичка коалиција даде свој влог во победата над фашизмот, затоа и граѓаните од Струга и Струшко имаат голема заслуга за светскиот мир и треба да го празнува овој ден, историско значење на антифашистичката војна и 9 Мај – Денот на победата на Европа.

Во тешко извојуваната слобода на македонскиот народ, животите ги загубиле повеќе од 24 000 борци, од кои 163-ца биле Стружани. Ристе Миладин член на претседателството на Сојузот на борци – Струга, со пригодни зборови на присутните ги наврати на спомените од втората светска војна, истакнувајќи: Да се памети но да не се повтори, Не се заборавија сеќавањата за Денот на Победта. Да се памети, но да не се заборави – истакна во завршните зборови Ристе Миладин, директен потомок по машка линија на Димитар Миладинов.

Струга го одбележа 9 Мај.  Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, потврдувајќи дека во клучните моменти застанала на вистинската страна на историјата и низ антифашистичката борба ги потврдила сопствената државност и афирмирањето на македонската нација. Овој датум, несомнено, игра голема улога во поновата македонска историја и како симбол на македонските- европски перспективи и идното членство во Европската Унија, како крајна определба за демократски и европски вредности.

Девети мај е еден од оние датуми темелници на вистинските цивилизациски вредности. Денот на победата над фашизнжмот е одавање почит на милионите жртви згаснати во борбата против окупаторот, денот кога со гордост се потсетуваме дека сме биле, сме и ќе останеме на вистинската страна на историјата. Настанот на свеченоста, односно протоколот го водеше потпретседателот на Сојузот на борците од општина Струга, Ванѓел Наумоски.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

StrugaOnline

error: