Почина Ферус Мустафов

- Хроника
353

По кратко боледување синоќа почина легендарниот македонски кларинетист и саксофонист, Ферус Мустафов. Тој имаше мозочен удар на 26 април и од тогаш беше во болницата „8 Септември“.

Ферус Мустафов е роден на 20 декември 1950 година во Штип. Зад себе има импресивна музичка кариера и бројни настапи во Македонија и ширум светот.

Мустафов сосема заслужено го носеше епиетот -крал на ромската музика.

Facebook Коментари