Игор Стефановски-Иџе триумфираше на трката во Португалија

- Спорт
266

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски  – Иџе го освои првото место во својата категорија и класа на трката на патеката „Рампа да Фалпера“ во Брага, Португалија.

Тој  постави време од 2:12.780.

Ова е втора година по ред како Иџе со победа се враќа од Брага.

,,Оваа победа е за мојата Македонија!“ -напиша тој на својот Facebook профил.

Strugaonline

фото: Игор Стефановски-Иџе FB

 

Facebook Коментари