Струшката полиција запре 18-годишник кој возел без положен возачки испит
На 23.09.2026 во 11:35 часот кај населба Плитишта во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.А.(18) од Струга. При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал без положен возачки испит. Возилото е одземено и во координација со јаверн обвинител ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

