Болницата ,,Свети Еразмо“ со нова опрема ги подобри условите за пациентите кои имат потреба од хидротерапија
Центарот за развој на Југозападен плански регион, во рамки на проектот „Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св.Еразмо“, ги заврши активностите за набавка и мотажа на опремата за потребите на ЈЗУ специјализиранта болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо.

Центарот за физикална терапија се збогати со две кади за електротерапија за цело тело, единица за криотерапија и Хидрауличен лифт за базен.
-Ова опрема дирекно ќе влиаје врз подобрувањето на условите за сите пациенти кои имат потреба од хидротерапија, со цел, подобрување на услугите за хидромасажа и олеснување на пристапот до базенот и за пациенти кои имаат поголеми потешкоти при движење.-информираат од Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Проектот „Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св.Еразмо“, е финансиран од на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа и кофинансиран од страна на ЈЗУ Св.Еразмо.
Strugaonline
