СВР Охрид: Кривична пријава за кавадарчанец за овозможување на употреба на наркотични дроги на лица од Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.П.(46) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Овозможување на употреба на наркотични дроги” како и против П.К.(51) од струшкото село Велешта и Д.У.(77) од Струга, за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При извршен преглед, полициските службеници кај Л.П. пронашле и одзеле марихуана која второ пријавениот П.К. ја набавувал од трето пријавениот Д.У. а потоа, сите заедно ја користеле.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

