Македонија во портокалова фаза, граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од високи температури

- Македонија
213

Граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури со оглед на најавите дека Република Македонија деновиве е зафатена од високи температури кои во делови од државата ќе се искачат и до 40. степени.

-Носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, престој во затворени, климатизирани простории или почести одмори под сенка доколку се излегува надвор, внесување помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку маснотии, пиење повеќе течности, најдобро овода, и избегнување алкохолни пијалаци, се само дел од општите препораки.

Лекарите нагласуваат дека хронично болните лица треба редовно да ја земаат препишаната терапија.

Исто така, возилата, одредено време пред влегување во нив, да се проветрат.

Поради високите температури и зголемената можност од појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје), како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на +8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени). Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени (мајонез од домашни јајца), а внимателно да се консумираат и сладолед и разни кремови.

Facebook Коментари