Министерството за локална самоуправа во Охрид ќе ги презентира резултатите на поддршката за унапредување на услугите и здравствениот туризам

- Локални
179

Во среда во Охрид, Министерството за локална самоуправа (МЛС) ќе ги презентира резултатите на инфраструктурната поддршка насочена кон унапредување на здравствените услуги и здравствениот туризам.

Презентацијата го опфаќа опремувањето на современиот центар за физикална терапија во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и реконструкцијата во ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ Охрид, достигнувања овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.

Настанот ќе се одржи во среда, на 9-ти октомври 2024 година, во 12:00 часот, во болницата „Св. Еразмо“, а во 13:20 часот ќе се посети објектот на специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид.

Според најавите, на настанот ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков, директорите на установите, д-р Харалампие Шокароски и д-р Билјана Теговска, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман и директорот на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба.

StrugaOnline

Facebook Коментари