Лев банер Десен банер

„Гастромак и пријателите 2024“: Предавања и мастер класови на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид

Традицијата продолжува, мисијата трае: осмото издание на Гастромак со веќе познато име: „Гастромак и пријателите“ започнува со предавањата и мастер класови на најпознатите Wacs судии (World Association of Chefs Societies- Светската асоцијација на готвачи).

Започнува со предавања и мастер класови на најпознатите Wacs судии (World Association of Chefs Societies). Етаблирани готвачки имиња од екс -ју простори и пошироко: Уве Мишел, потпретседател на светската организација на готвачи Wacs, Вакс судиите и вистинските брендови во својата бранша: Изток Легат од Словенија, Стево Карапанџа од Хрватска, Драгица Лукин од Хрватска, Жељко Невен Бремец- Претседател на Скмер, Дон Давид од Русија, Вуко Митровиќ од Црна Гора, Хамид Хаџиќ судија од Босна и Амбасадор на Скмер, Асан Даутовиќ, претставник на Гастромак, ќе одржат интересни предавања поврзани за готвачки брендови, најнови трендови во угостителство, висока гастрономија, креирање на сезонско мени, што е бранч и кога се служи, специфики на балканската кујна…, информираат од „Гастромак“.

Мастер класовите ќе бидат со Драгица Лукин – пекарство и слаткарство и со Жељко Бремец, Хамид Хаџиќ и Никола Мишковски, а темата е „Специјалитетите на куќа со локални продукти (риба, месо и зеленчук)“.

Целта на „Гастромак и пријателите“ е студентите да се мотивираат, да им се даде ветер во грб со унапредување на нашата гастрономска сцена, и идните кадри од Факултетот за туризам и угостителство да останат во Македонија.

Предавањата се наменети за студентите на факултетот, но влезот е слободен и за сите што се заинтересирани за настанот.

Овој гастро-едукативен настан со познатите гастро-асови што ќе се случува на 9-ти и 10-ти октомври е во организација на Гастромак, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и Општина Охрид.

StrugaOnline

error: