Објавен роман посветен на детството на Блаже Конески од пензионерот Мишо Китаноски

- Локални
322

Пензиониран како новинар со над шеесет години искуство вевчанецот Мишо Китаноски, не го испушта перото, ни денес, па како резултат на тоа негова ангажираност дојде до објавување и на неговиот роман за деца и родители со наслов „Детството на Конески“.

Писателот Мишо Китаноски за ова свое најново дело истакнува дека произлегло од сознанието што во соседните држави и пошироко за авторите-модификаторите на нивните јазици се објавени многу бројни книги кои ги осветлуваат нивните животи од сите аспекти и кај нас, за нашиот академик Блаже Конески, составувачот на македонската азбука и правопис (усвоен во 1945 година), за авторот на Граматиката на македонскиот јазик (во два тома) и на историјата на македонскиот јазик Блаже Конески досега не се знае ништо за неговиот живот и неговиот пат до светски славист, лингвист, филолог и врвен македонист.

За да го напишам романот за деца и родители, „Детството на Конески“, десетина години истражував и анкетирав повеќе истакнати македонски научници- професори и негови пријатели и соработници вели авторот Мишо Китаноски. Од тие сеќавања полека се формираше сознанието дека Блаже Конески, тој што е роден во прилепското село Небрегово (1921 година) и во кое го завршил првото одделение, а потоа школувањето го продолжил во Прилеп (нижа гимназија) и полна гимназија во градот Крагуевац во Србија (матурирал во учебната 1939/40 година), ги опишав во 23 прилози во книгата, каде се чита и како роман, но и поединечно како книга со раскази.

Во понатамошниот разговор со авторот на романот за деца и родители „Детството на Конески“, Мишо Китаноски ни потврди дека автентичноста на книгата е фундирана врз сеќавањата – кажувања на самиот Блаже Конески за годините поминати во родното село Небрегово, кој често поради тоа знаел да рече самиот за себе дека е „селско дете“, кое станало светски познат и признат филолог, лингвист и водечки македонист. За годините поминати во Прилеп, авторот М.Китаноски ги пренесува во романот сеќавањата што ги забележал од неговиот многудецениски прилепски другарна Конески, познатиот македонски писател Коце Јовановски-Солунски. Што се однесува пак, до годините поминати на школување во гимназијата во Крагуевац во Србија (од 1935/36 до 139/40 година), каде што почнал да пишува творби на мајчин македонски јазик ( во 1939 година). Тие сеќавања ги забележал при своите пет средби во Белград, со истакнатиот македонски политичар и историограф Лазар Мојсов, со кој што Блаже Конески за сите четири гимназиски години бил неразделен другар. Со кого седел во иста клупа.

Романот за деца и родители „Детството на Конески“ од новинарот, публицист и писател Мишо Китаноски, на кого му е ова петнаесетта објавена книга, веднаш доби високи оценки во објавените рецензии од проф. д.р.Вера Стојчевска-Антиќ, и од писателите проф. д.р. Васил Тоциновски и долгодишниот уредник во прилогот „Колибри“ во „Нова Македонија“ и писател за деца Перо Миленковски, кои искрено ја поздравија појавата на една ваква толку очекувана книга од која се запознаваме со детските и младешките годинина Блаже Конески и неговото школување.

На крајот од разговорот со авторот на романот за деца и родители „Детството на Конески“ Мишо Китаноски дознаваме дека тој интензивно го пишува вториот дел од животот на Блаже Конески во слободна Република Македонија и придонесот на Блаже Конески во развојот на македонската литература, наука и култура. Авторот Мишо Китаноски вети дека ова година ќе биде објавен и вториот дел со наслов „Конески, од блиску непознати страници од неговиот живот“. Во втората романизирана биографија авторот Китаноски вели дека ќе бидат објавени ексклузивно многубројни непознати настани од животот на нашиот великан Блаже Конески, поет, раскажувач, академик и светски познат и признат македонски лингвист, кодификатор на македонската историјографија на македонскиот литературен јазик, авторот на македонската азбука и правопис, историчар, академски член на неколку странски академии на науките и уметностите и прв претседател на МАНУ.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

StrugaOnline

Facebook Коментари