Уште еден викенд полн со медали за триатлонците од триатлон клубот „3 Дисциплини“ од Струга

- Локални, Спорт
113
Одличен почеток на новата триатлон сезона за триатлонците од триатлон клубот „3 Дисциплини“ Струга.
Настапија со четвртина тим, но со одлични резултати, велат дека до пред две години ја отвораа сезоната во Европа – Австриjа, Германија, Хрватска и ги освоија сите, сега оваа година се натпреваруваа во Сребрено езеро, Р. Србија.
Златен медал за Јован Кутаноски (пионири),
Бронзен медал за Софијa Кутаноска (пионерки),
Бронзен медал за Марко Шаврески (млади кадети),
Бронзен медал за Тија Кукунешоска (кадетки) и
Златен медал за Никола Кутаноски 1. место во возрасна група
Тука можете да ги погледнете резултатите:
Честитки до сите натпреварувачи и одличниот пласман и на Девран Куртис и Стефанија Кутаноска, спортски поздрав, се гледаме следната недела во Дојран, следете не’, следуваат многу убави новости, велат од триатлон клубот „3 Дисциплини“ Струга.
StrugaOnline

Facebook Коментари