Утре, 04.06.2025 година (среда), по повод празникот Свети Јован Владимир, во црквата Свети Јован Владимир во Подгорци ќе се одржи Света Божествена Литургија и водосвет, со што достојно ќе се одбележи овој значаен ден.
Оваа година, за нас има уште едно големо значење — се навршуваат 100 години од изградбата и осветувањето на храмот, јубилеј кој со благодарност и молитва ќе го прославиме заедно, велат организаторите.
Свети Јован Владимир, славниот православен маченик и владетел, познат по својата благочестивост, праведност и маченичка смрт во Христа. Тој е симбол на христијанската верност, љубовта кон народот и верата, и се вбројува меѓу најпочитуваните светители во нашиот народ.
Светата Божествена Литургија ќе започне во 08:30 часот, по што ќе следи водосвет и пригодна празнична прослава.
Организаторите ги покануваат сите верници да земат учество во ова молитвено и духовно торжество, Христос посреде нас.
StrugaOnline
Facebook Коментари