Лев банер Десен банер

Одржан Инфо ден за програмата Erasmus+ во Струга

Општина Струга, преку Одделението за меѓународна соработка и европски фондови, денес успешно го реализираше Инфо денот за програмата Erasmus+ во просториите на Europe House Struga. На настанот присуствуваа претставници од основните и средните училишта од општината, кои имаа можност подетално да се запознаат со можностите што ги нуди оваа европска образовна програма.

Во рамки на Инфо денот беа презентирани различните можности за учество во Erasmus+ за учениците и наставниот кадар, како и практичните чекори за вклучување во европски образовни проекти, размена на искуства и професионален развој.

Посебен акцент беше ставен на поддршката што Општина Струга ја обезбедува преку назначувањето на Координатор за програмата Erasmus+. Оваа улога ќе овозможи континуирана стручна помош за училиштата, почнувајќи од процесот на регистрација и аплицирање, па сè до имплементација и реализација на проектните активности.

Од Општина Струга истакнаа дека ваквите активности се дел од нивната заложба за унапредување на образованието, јакнење на европската соработка и создавање реални можности за развој и модернизација на образовните институции.

Настанот испрати јасна порака дека Струга прави конкретни чекори кон европското образование и отворање нови перспективи за учениците и наставниот кадар.

StrugaOnline

error: