Започна исплатата на МојДДВ за четвртото тримесечје од 2025 година
Управата за јавни приходи (УЈП) ја информира јавноста дека започна исплатата на средствата за скенираните фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за четвртото тримесечје од 2025 година. Граѓаните се повикуваат да ги проверат своите трансакциски сметки.
За периодот К4 – 2025 година, предвидена е исплата на вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До овој момент, како што информираат од УЈП, веќе се реализирани 184,5 милиони денари, исплатени на сметките на околу 104.000 корисници.
Од УЈП посочуваат дека исплатата ќе продолжи и во наредниот период, при што средствата ќе се префрлаат континуирано, согласно обработката на налозите.
Воедно, од Управата информираат дека кај 5.292 корисници е евидентирана погрешно внесена трансакциска сметка, поради што во моментов не е можно да се изврши исплатата на средствата.
Од УЈП апелираат до сите корисници кои сè уште немаат добиено средства, да ги проверат и ажурираат податоците за својата трансакциска сметка директно во апликацијата МојДДВ. Со внесување на точни податоци, ќе се овозможи навремена и успешна исплата на повратот по основ на МојДДВ.
StrugaOnline

