Лев банер Десен банер

Утре во Струга ќе се одржи едукативна работилница на тема „Силата започнува одвнатре – спорт, здравје и психолошка подготвеност“

Во организација на проектот „SPARK Workshop“, на 20 мај 2026 година во Europe House Струга ќе се одржи едукативна работилница на тема „Силата започнува одвнатре – спорт, здравје и психолошка подготвеност“.

Настанот ќе започне во 18:00 часот и ќе обедини експерти од областа на спортот, медицината и психологијата, со цел да се подигне свеста за важноста на физичкото и менталното здравје кај младите и спортистите.

Говорници на работилницата ќе бидат м-р Ѓорѓија Стојанов, кинезиолог, д-р Оливер Бојчески, специјалист по спортска медицина, како и психологот Маја Талеска Василеска.

Преку интерактивни дискусии и стручни предавања, учесниците ќе имаат можност да слушнат повеќе за значењето на правилната физичка подготовка, превенцијата од повреди, психолошката стабилност и градењето здрави животни навики.

Организаторите истакнуваат дека целта на настанот е да се поттикнат младите кон активен и здрав животен стил, но и да се нагласи важноста на менталната подготвеност како клучен дел од личниот и спортскиот развој.

Работилницата се реализира со поддршка на Европската Унија, а се очекува присуство на млади, спортисти, тренери и сите заинтересирани граѓани кои сакаат да научат повеќе за поврзаноста помеѓу спортот, здравјето и психолошката сила.

StrugaOnline

error: