Доделени признанија на учениците од струшкото Основното и Средното музичко училиште
Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, денеска им додели признанија на учениците од Основното и Средното музичко училиште, кои со своите успеси на државните натпревари ја претставија Струга во најдобро светло.
Во текот на оваа година, младите музичари постигнаа значајни резултати и освоија бројни награди, потврдувајќи ги својот талент, посветеност и континуирана работа. Успесите на учениците се резултат и на професионалната поддршка и ангажман на нивните професори, кои континуирано работат на развојот на музичката уметност и креативноста кај младите.
При врачувањето на признанијата, градоначалникот Ќура истакна дека младите се најголемата гордост на градот и двигател на иднината.
„Младите се нашата гордост и нашата иднина. Вашите успеси се успех за цела Струга,“ порача градоначалникот Менди Ќура.
Од Општина Струга нагласија дека и во иднина ќе продолжат со поддршка на младите таленти, како и со вложувања во културата, образованието и уметноста.
StrugaOnline

