Лев банер Десен банер

Пионерките на ЖРК Струга утре домаќини на ЖРК Вардар од Скопје

Во рамки на 21. предпоследно коло од пионерската лига, екипата на ЖРК Струга утре ќе одигра натпревар на домашен терен против составот на ЖРК Вардар од Скопје.

Натпреварот е закажан за утре со почеток во 16:00 часот, а се очекува интересна и неизвесна ракометна пресметка меѓу двете млади екипи, натпреваров е значаен за ЖРК Струга за заверка на третото место од табелата.

Стружанките ќе имаат можност пред домашната публика да ја потврдат својата форма и да освојат нови бодови во првенството, додека гостинската екипа од Скопје ќе се обиде да дојде до позитивен резултат на гостински терен.

Организаторите упатуваат покана до љубителите на ракометот да присуствуваат и да ги поддржат младите ракометарки во овој натпревар.

StrugaOnline

error: