Лев банер Десен банер

СВР Охрид: Дрога запленета во дом, пријавено и семејно насилство во Охрид

На 26.05.2026 во 16:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Б. од Охрид во семејниот дом во Охрид физички го нападнал неговиот 64-годишен татко. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција пронајдоа и одзедоа повеќе пакуваља со кокаин.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: