Лев банер Десен банер

Кривична пријава за жител на Калишта поради предизвикување пожар покрај патот Струга-Калишта

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Г.М.(53) од струшкото село Калишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. Тој, на 09.04.2026 година, на сопствено земјиште лоцирано покрај регионалниот пат Струга-Калишта, запалил сува трева и нискостеблеста вегетација која претходно ја собрал а набрзо, пожарот се проширил и кон дрвниот насад со јасика покрај патот. При пожарот, немало повредени лица.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: