Лев банер Десен банер

Овој викенд сите патишта водат кон Горна Белица – продолжува традицијата на „Парумба“

На 1 јуни Горна Белица повторно ќе биде центар на духовноста, традицијата и дружењето, кога верници и посетители од повеќе краишта ќе се упатат кон Црквата „Света Тројца“, меѓу народот позната како „Парумба“.

Традиционалната Литија и оваа година ќе ги обедини верниците во искачувањето до светилиштето, а организаторите ги повикуваат сите љубители на природата, верата и традицијата да бидат дел од настанот.

Посебна атмосфера ќе има и во хотел Белица, каде посетителите ќе можат да ги пречекаат учесниците во Литијата и да уживаат во богата гастрономска понуда.

За 1 јуни е организиран свечен ручек со специјалитети од традиционалната кујна, меѓу кои:

  • јагнешко печено
  • свинско печено
  • ребро во фурна
  • селско месо
  • пилешко
  • плескавица

За најмладите посетители е подготвено и детско мени со пилешки прсти.

Хотелот нуди и викенд сместување за двајца по цена од 55 евра од ноќ.

Сите заинтересирани можат да направат резервација на телефонскиот број 075 95 95 95.

Овој викенд, Горна Белица ќе живее во духот на традицијата, верата и заедништвото.

StrugaOnline

error: