Лев банер Десен банер

ЈП „Комунално“ Струга спроведе акција за миење, чистење и уредување на училишните дворови пред утрешниот почеток на новата учебна година

Утре започнува новата учебна 2026/2027 година, а училиштата во Општина Струга се подготвени да ги пречекаат учениците за новиот почеток.

Во пресрет на првиот училишен ден, посебно внимание беше посветено и на уредувањето на училишните дворови. За таа цел, ЈП „Комунално“ Струга спроведе акција за миење, чистење и уредување на училишните дворови, со цел новата учебна година да започне во почиста, поуредна и попријатна средина за сите ученици.

Акцијата за миење и чистење ги опфати сите училишта на територијата на Општина Струга, со што се создадоа подобри услови за учениците и вработените во училиштата.

Од ЈП „Комунално“ Струга посочуваат дека ваквите активности се дел од грижата за одржување на јавните површини и создавање чиста и уредна средина, особено во периодот кога училиштата повторно ги отвораат вратите за учениците.

Новиот училишен почеток носи нови обврски, предизвици и можности за учениците, а уредната и чиста училишна средина е важен дел од создавањето пријатна атмосфера за учење и престој.

По летниот распуст, училишните дворови повторно ќе се исполнат со детскиот џагор, а учебната 2026/2027 година утре официјално започнува.

StrugaOnline

error: