Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Кражба во црква, лице од Полска изгубил контрола и паднал возејќи четирицикл, семејно насилство

На 06.09.2026 во 15:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во периодот од 04 до 06.09.2026 година, со употреба на алат и физичка сила, скршена е влезната врата во црквата ,,Св.Никола” во охридското село Велгошти, од каде се одземени пари и други предмети. Се работи на пронаоѓање на сторителот и по целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.09.2026 во 16:05 часот, М.Л.Ц.(72) од Полска, управувајќи четирицикл на земјен некатегоризиран пат во близина на охридското село Куратица, изгубил контрола и паднал. Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

На 06.09.2026 во 16:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека З.С. бил агресивен кон неговата сопруга и физички ја нападнал кој претходно имал судско решение за забрана за вршење семејно насилство. По целосно расветлување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: