Билтен за Струга: Семејно насилство, физичка пресметка, разбојништво во лифт во Струга
На 06.09.2026 во 21:25 часот, полициски службеници од ОВР Струга во струшкото село Теферич го лишија од слобода З.В.(35) од с. Велешта, постапувајќи по претходна пријава дека бил агресивен кон членови на неговото семејство. По целосно расветлување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.09.2026 во 20:40 часот, во близина на спортска сала во Струга, приведени се Х.К.(26) од струшкото село Враништа и црногорскиот државјанин Б.Ч.(25), откако претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.М.(39) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”. Тој, во лифт од зграда физички го нападнал Д.М.(40), двајцата од Струга, по што насилно му одзел пари и мобилен телефон.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

