Лев банер Десен банер

Пуштен во употреба модернизираниот дел од Охридскиот аеродром – прва реконструкција после 56 години

Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран е аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, којшто, доби реконструиран патничкиот терминал, со зголемен број шалтери, проширени чек-ин простор, зони за безбедносна контрола и рачен багаж, реорганизиран паркинг, современа опрема и технологија за побезбедно и поефикасно опслужување на патниците.

На официјалниот настан на кои беше пуштен во употреба реконструираниот дел, присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски и и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

„За само две години успеавме аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид да добие нов современ лик, олицетворение на Охридскиот регион. После 56 години аеродромот се реконструира со што ги отвораме вратите за уште повеќе туристи и авиокомпании и бројките се над очекуваните, преку 240 илјади патници од почетокот на годината до сега. Паралелно со аеродромот се работи и на инфраструктурата за многу полесен и побрз пристап, но и да се заокружи една целина во развојот на овој регион“, посочи Николоски.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека со преземените активности значително е подобрен квалитетот на услугите на аеродромот.

– Со ова охридскиот аеродром добива поинаква динамика, поинакво светло поинаков квалитет и убеден сум дека во периодот којшто следи бројот на патниците, но и бројот на компаниите коишто ги користат услугите на охридскиот аеродром ќе се зголемува. Оваа година се бележат рекорди на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Имаме ден со најголем број патници досега во историјата — повеќе од 3.000. А исто така има и денови кога имаме повеќе од 20 полетувања, што исто така претставува само по себе еден значаен податок којшто е за почит. Убеден дека во периодот којшто претстои со сите градежни активности и поддршката којашто ја даваме како Влада, овие бројки ќе се дуплираат, ќе се триплираат и ќе дојдеме до бројки коишто претставуваат наш нов таргет, рече Мицкоски.

StrugaOnline

error: