Времето денес сончево и топло со мала до умерена облачност
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со силен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

