Лев банер Десен банер

Хрватски државјанин тешко повреден откако со автомобил излетал од патот кај Мешеишта

На 08.09.2026 во 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на  локален пат во с.Мешеишта, општина Дебарца, патничко возило „линк ко” со скопски регистарски ознаки управувано од И.Б.(45) од Република Хрватска, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо” Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: