18-годишен охриѓанец фатен како управува мотоцикл без возачка дозвола во Струга
На 08.09.2026 во 15:40 часот на улицата „Илинденска” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Х.Р.(18) од Охрид.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мотоцикл со охридски регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека немал возачка дозвола.
По насоки на јавен обвинител, мотоциклот е одземен и по целосно документирање на настанот, против Х.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

