Лев банер Десен банер

РК Струга во сабота го пречекува РК Мулти Есенс од Скопје

Ракометарите на РК Струга во сабота, 24 октомври, ги очекува важен натпревар против екипата на РК Мулти Есенс од Скопје, во рамки на осмото коло од сениорската лига. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Тими“ во Струга, со почеток во 18:30 часот, а поддршката од трибините може да биде значаен мотив за домашниот тим.

По тој повод, навивачката група „Паткари„ упати повик до сите стружани да ја исполнат салата и да им дадат максимална поддршка на ракометарите во овој важен дуел.

Од навивачката група најавуваат организирано собирање во 17:00 часот во Паркот на Поезијата, од каде што во 18:00 часот, со кортео, ќе се упатат кон спортската сала „Тими“.

„Паткарите“ ги повикуваат сите свои членови, но и сите љубители на ракометот и спортот во Струга, да бидат дел од навивачката поддршка и заедно да создадат атмосфера достојна за домашниот тим.

„Во сабота вашето место е на собир, а потоа на трибина!“ – порачуваат од навивачката група.

StrugaOnline

error: