Лев банер Десен банер

Во сабота во Europe House Струга се организира заедничко навивање за Ана Стојаноска

Струга се подготвува да ѝ даде силна поддршка на својата сограѓанка Ана Стојаноска, со повик до сите граѓани да се обединат и заеднички да навиваат за неа.

Во сабота, на 24 октомври, со почеток во 21:00 часот, во просториите на Europe House – Струга ќе се организира заедничко навивање, со цел да ѝ се испрати порака на поддршка на Ана и да ѝ се покаже дека зад неа стои целиот град.

Организаторите ги повикуваат стружани да се приклучат и со позитивна енергија и заедништво да ја бодрат својата сограѓанка.

Влезот е бесплатен, но поради ограничениот број места, задолжителна е претходна пријава на овој ЛИНК.

Настанот е можност Струга уште еднаш да ја покаже својата солидарност и заедништво, обединувајќи ги граѓаните во поддршка на Ана Стојаноска.

error: