Од денеска времен режим на сообраќај на автопатот Кичево-Охрид, на потегот Пресека-Песочан, до клучката кај Арбиново
Од АД „Илинден“ од Струга известуваат дека денеска, среда, 28 октомври 2026 година, ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево-Охрид.
Станува збор за делот Пресека-Песочан, до клучката кај Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на левиот коловоз, интервенцијата ќе трае се’ до комплетно завршување на санацијата, информираат од претпријатието.
StrugaOnline

