Лев банер Десен банер

Аргентинска музика „Вечер на културна фузија“ на 3 ноември во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга

Љубителите на музиката и културата ќе имаат можност да уживаат во посебно музичко доживување во Струга, преку настанот „Вечер на културна фузија“, посветен на богатото музичко наследство на Аргентина.

Настанот е во организација на НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга, а проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Публиката ќе има можност да се впушти во музичко патување исполнето со страст, меланхолија и виртуозност, преку звуците на виолината, хармониката, контрабасот и пијаното. На програмата ќе бидат застапени незаборавни дела на големите аргентински музички имиња, меѓу кои Астор Пјацола и Карлос Гардел.

Во музичката вечер ќе настапат Марија Јанчулеска на виолина, Филип Петрески на хармоника, Тамара Коминовска Спироски на пијано и Александра Чуруковска на контрабас.

Настанот ќе се одржи на 3 ноември 2026 година (вторник), со почеток во 19 часот, во просториите на НУЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Влезот е слободен, а организаторите ги покануваат сите љубители на уметноста и музиката да бидат дел од оваа вечер посветена на аргентинската музичка традиција и културната поврзаност преку уметноста.

StrugaOnline

error: