Лев банер Десен банер

Стружанецот Лука Симоноски со одличен успех на Општинското првенство во шах во Охрид

Стружанецот Лука Симоноски освои одлично трето место на VI Општинско првенство во шах, кое се одржа на 7 ноември 2026 година во просториите на ООУ „Братство Единство“ во Охрид.

Симоноски со својот настап се најде меѓу најуспешните учесници на турнирот, завршувајќи на третата позиција во конкуренција на шахисти кои ги одмерија силите во седум кола.

Првото место му припадна на Гоце Шапкароски, додека второпласиран беше Михаил Николовски. За најдобро пласиран младинец беше прогласен Јован Пуроски.

Конечниот пласман беше утврден по одигрувањето на последното, седмо коло, кое беше на програмата во петокот.

Во седмото коло постигнати беа следните резултати:

Турнирот беше организиран од Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, во согласност со годишната програма за работа на клубот, а со финансиска поддршка од Општина Охрид.

Успехот на Лука Симоноски претставува убаво шаховско достигнување за младиот стружанец, кој со освоеното трето место се вброи меѓу најдобрите на овогодинешното општинско првенство.

StrugaOnline

error: