Лев банер Десен банер

Општина Струга доделува субвенции за идни туристички и планински водичи – јавниот повик е отворен до 27 ноември

Општина Струга објави јавен повик за финансиска поддршка на физички лица кои сакаат да стекнат лиценца за туристички водич, туристички придружник и/или планински водич.

Повикот се реализира согласно Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите за 2026 година, со цел да се поттикне развојот на стручен и професионален кадар во туристичкиот сектор.

За оваа намена Општина Струга има предвидено вкупен буџет од 200.000 денари, кои ќе бидат распределени подеднакво меѓу барателите чии барања ќе бидат одобрени.

Заинтересираните граѓани можат да аплицираат најдоцна до 27 ноември 2026 година, а апликациите се поднесуваат на шалтерот на Општина Струга, секој работен ден во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Со оваа мерка локалната самоуправа има за цел да го унапреди туристичкиот потенцијал на Струга преку создавање нови можности за професионално усовршување и стекнување лиценци за вршење туристичка дејност.

Развојот на квалификуван туристички кадар е особено значаен за промоцијата на природното и културното наследство на Струга, како и за подобрување на квалитетот на туристичките услуги и искуството на домашните и странските посетители.

Од Општина Струга очекуваат оваа мерка да придонесе за поголема професионализација на туристичкиот сектор и за понатамошно позиционирање на Струга како атрактивна туристичка дестинација.

Услови, потребна документација и целосен јавен повик: https://www.struga.gov.mk/…/thirrje-publike-per…/

StrugaOnline

error: