Лев банер Десен банер

Успех за младиот Иван Славковски од Радожда – освои трето место на ликовниот конкурс „Македонска наука“

Ученикот Иван Славковски, од IX одделение во ПОУ „Димитар Влахов“ во струшкото село Радожда, оствари одличен успех освојувајќи трето место на ликовниот конкурс „Македонска наука“, организиран од „Наука за деца“.

Неговиот талент, креативност и посветеност беа препознаени од организаторите на конкурсот, а наградениот цртеж беше изложен на Петтата конференција на „Наука за деца“, која се одржа во Скопје.

Овој успех претставува признание за уметничките способности на младиот Иван, но и поттик за понатамошно развивање на неговиот талент и креативност.

Посебни честитки заслужува и неговиот ментор, наставникот Ѓорѓи Крстески, за посветеноста, стручната поддршка и вложениот труд во развојот на ликовните способности на ученикот.

Успехот на Иван Славковски е уште една потврда дека талентот и креативноста на младите од руралните средини заслужуваат внимание и признание.

StrugaOnline

error: