Полицијата приведе возач во Струга кој имал забрана за управување
На 10.11.2026 во 12:20 часот на ул.„Боро Хаџиески” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Л.К.(35) од струшкото село Велешта. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фолксваген голф” со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршена контрола било констатирано дека го управува возилото иако има забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

