Лев банер Десен банер

Четири медали за џудистите на „Дрим“ Струга на меѓународниот турнир „BH Open“ во Сараево

Џудо клубот „Дрим“ од Струга забележа успешен настап на меѓународниот турнир „BH Open“, кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина. Струшкиот клуб учествуваше со седум натпреварувачи, кои со својата борбеност, посветеност и спортски дух достојно ги бранеа боите на својот клуб.

Одличниот настап беше крунисан со освоени четири медали, од кои две златни и две бронзени одличја.

Највисокото место на победничкиот пиедестал го освоија Даријан Ночески и Енил Ајдиноски, кои се закитија со златни медали и први места во своите категории. Бронзените медали, пак, ги освоија Софија Ноческа и Лука Трца, завршувајќи го турнирот на третото место.

Покрај освојувачите на медали, достоен настап имаа и Анастасија Јовческа, Елиф Тала и Ненад Костоски, кои иако овојпат не успеаја да стигнат до одличје, покажаа борбеност и желба за докажување.

Од клубот истакнуваат дека секој настап на татамито претставува ново искуство, секоја борба носи нова лекција, а секој турнир е можност за напредок и стекнување дополнително спортско искуство.

StrugaOnline

error: