Лев банер Десен банер

ЈП „Водовод и Канализација“ Струга: Заматеноста на водата во Струга е во нормални граници, но забраната за пиење останува на сила

Најновите анализи на примероците од водата, примени денес (20 ноември), покажуваат дека нивото на заматеност е во границите на нормалата, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга.

Сепак, и покрај подобрените резултати, забраната за употреба на водата за пиење сè уште останува на сила. Од претпријатието појаснуваат дека за нејзино укинување е потребно истите резултати да бидат потврдени четири пати по ред.

Според денешните анализи, измерените вредности на заматеност се следни:

  • Општа болница – 1,49 NTU
  • Детска градинка „Сонце“ – 1,50 NTU
  • Завод за нефрологија – 1,36 NTU
  • село Враништа – 1,48 NTU

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека водата може да се користи за други потреби, но граѓаните и понатаму треба да се придржуваат до препораката да не ја користат за пиење сè додека официјално не биде укината забраната.

Следните анализи ќе бидат одлучувачки за утврдување дали ќе бидат исполнети условите за повторно безбедно користење на водата за пиење.

StrugaOnline

error: