Временска прогноза: Сончево време со максимални 33 степени

- Македонија
804

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од југозападен правец. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневните температури ќе се движат во интервал од 23 до 33 степени. Во петок и сабота се очекува сончево време со мала облачност и температура која во одредени делови од земјава во сабота ќе го достигне и 36-от степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари