Започнува новата сезона во СЕXA лигата

- Спорт
790

Со три натпревари од првото коло кои се играат денеска, започнува седмата сезона на  регионалната ракометна СЕХА лига. Во годинешното ново првенство играат 10 екипи, а трофејот го брани македонскиот шампион Вардар. Освен Вардар, претставник на Македонија е и Металург.

Два претставника ќе имаат и Хрватска (Загреб и Нексе) и Словенија (Горење и Цеље). Од Белорусија во лигата ќе учествува Мешков Брест, а од Словачка (Татран Прешов). Војводина и Динамо Панчево се екипите кои во СЕХА ќе ги бранат боите на Србија.

Двојки за денешните три средби се следниве:

Татран Прешов – Мешков Брест,
Војводина – Динамо и
Горење – Цеље.

Утре е дуелот Загреб – Нексе, а на 2 септември е спортската борба  меѓу Металург и Вардар.

Facebook Коментари