29-то издание на манифестацијата „Охридски староградски средби“ ќе се одржи во петок со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“
Според најавената програма, на овогодинешната манифестација ќе настапат вкупно осум староградски ансамли од земјава, ќе гостува октет од Прилеп, „ВИС Орнаменти“ од Штип, пејачката група „Сирма Војвода“ од Битола, „Весела тајфа“ од Богданци, „Распеани Гевгеличани“ од Гевгелија. Од Охрид ќе настапат градскиот хор „Вокс Лихнидос“, КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и оркестарот на фолклорниот ансамбл „Бисери. Влезот е бесплатен.
Извор: Центар за култура „Григор Прличев“
Strugaonline
Facebook Коментари