Во Охрид ќе се одржи општински натпревар “Млади библиотекари” – 2017

- Локални
906

Во организација на НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид, во петок ќе се одржи  општински натпревар “Млади библиотекари” – 2017.
Натпреварот ќе се одржи во просториите на НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид, со почеток во 10:00 часот.

Право на учество на општинскиот натпревар имаат учениците и членовите на библиотеките од Основните училишта на Општина Охрид.

Победниците од овој натпревар се стекнуваат со право на учество на Републичкиот (државен) натпревар.

Извор: НУ Библиотека „Григор Прличев“

Strugaonline

Facebook Коментари