Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и свежо време. На западот и југот од земјава со повремен локален дожд, а во североисточните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, а дневната температура ќе се движи во интервал од 12 до 18 степени. Во текот на викендот ќе преовладува претежно облачно време со сончеви периоди и ќе има благ пораст на температурите.
Извор: УХМР
Facebook Коментари