Прилепчани сакаат Велоград: Стотина граѓани на педали во Прилеп

- Македонија
1101

По исклучително успешната активност за чистење и разубавување во Ченто во саботата, оваа недела активно мрдаа со прст и  Прилепчани во насока на промоција и унапредување на здравиот начин на живот, заштита на животната средина и едукација на најмладите.

Во рамките на 40-тата Критична маса на “НаТочак Прилеп”, стотина љубители на велосипедизмот мрднаа со прст и го кренаа градот под Марковите кули на педали на досега најголемата критична маса во Прилеп.

Млади и стари, големи и мали, Прилепчани гордо застанаа зад своите точаци и испратија јасна и гласна порака дека е неопходно Прилеп да добие соодветна инфраструктура, а пред сè – сообраќајна култура за возење велосипеди. За дружбата да остане запаметена, на почетокот и крајот на рутата, велосипедистите ги пречекаа познатите мрдачи со прст DJ Гоце Саф и Марко Новески кои им се придружија во испраќање на нивните вело-визии – Прилеп да прерасне во вело-град и надалеку да одекне  велосипедското ѕвонче.

Со овие настани, иницијативата “Мрдни со Прст“ продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. ,,Tи си на потег” како слоган на кампањата го повикува секој граѓанин да даде своја идеjа, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.

„Се надеваме дека овој настан во Прилеп ќе ги поттикне љубителите на велосипеди и во другите градови да се организираат и да креираат вакви акции. Повеќе информации за тоа како секој може да се вклучи, а воедно и детали околу досегашните  и следните активности на “Мрдни со Прст“ се достапни на www.mrdnisoprst.mk, како и на Facebook страницата www.facebook.com/MrdniSoPrst.“ -велат од „Мрдни со прст“

Извор: Мрдни со прст

Strugaonline

Facebook Коментари