Лев банер Десен банер

„Не се клади на енглези“ ќе се игра на Охридска сцена

На шести октомври како гостувачка претстава  во Народен театар Охрид, ќе биде одиграна комедијата „Не се клади на Енглези”. Претставата е авторско дело на Владимир Ѓурѓевиќ, а во режија на Синиша Евтимов.

Играат актерите на МНТ: Оливер Митков, Сашко Коцев и Александар Микиќ.

„Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн. Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.“ – стои во описот на претставата.

Билетите за претставата по цена од 200 денари, се пуштени во продажба од денеска и можат да се набават на билетарата при НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Народен Театар Охрид.

Фото: МНТ

error: